Повредени 10 градежни работници во Куманово, двајца во животно загрожувачка состојба

Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.

Повредените работници се  префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.

Работниците биле без свест, во тешка состојба и со лекарска придружба се пратени во Скопје. Обезбеден им е дишниот пат и медициснкиот персонал ги следеше до Клинички центар, рече директорката Захариева.

На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и  нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи, изјави директорката Захариева.

Од СВР Куманово за Телма потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид. Според СВР Куманово тројца од повредените се во животнозагрожувачка состојба.

Според првичните информации работниците настрадале кога врз нив се урнала мрежата за поставување на темели на зградата која започнале да ја градат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ