Повисоките царини остануваат за клучните македонски производи

Земјите од регионот ја повикаа Приштина веднаш и во целост да ја укине царината за сите производи за кои прд една недела воведе 30 % повисока царина.Според неофицијалните информации на министрите на Македонија, Србија, Босна и Црна Гора кои денеска се сретнаа во Белград, Косово вчера ги повлекло заштитните мерки за увоз на 16 производи.На листата повеќе не е пченката но остануваат повисоките царини за клучните производи што Македонија ги извезува во овој период од годината, доматот, пиперката и грозјето. Доколку Косово не ги повлече дополнителните царини, земјите од регионот можат да преземат контрамерки во зависност од економските интереси.Не можеме да молчиме се дури мерката за сите не се повлече рекоа министрите од Белград

Министрите се договорија да се формира оперативно тело кое брзо и ефикасно ќе работи на укинување на сите трговски бариери кои во иднина  ќе се појавуваат во регионот. Со цел на стопанствениците да им се олесни соработката

  • Овде се бориме против принципот дека секој може да прави што ќе му падне на памет, да воведува царини и вонцарински бариери под притисок на разни интересни лобија.Мора да застанеме на патот на таквата политика која е вон секоја економска логика и правила, изјави српскиот министер за трговија Расим Љајиќ.

Косовскиот заменик министер за трговија Фадил Арифи за радио слободна европа потврди дека мерката ќе продолжи да важи за 7 производи.

Мерката за повоисоки царини, Косово ја воведе од 18 јули, таа ќе важи 90 дена и се однесува за увоз на овошје, зеленчук и пченка. За една недела извозот од Македонија се намали од 100 тони на 10 тони дневно што според стопанствениците нанесе штета од 3 милиони евра.

 

Виолета Зајкова Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ