
Повик до опозицијата да лобира кај десничарите во ЕП за влез на Македонија во ЕУ
Францускиот амбасадор не сака да прогнозира кога Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ. Вели дека тоа ќе биде заедничка одлука да државите членки, а што се однесува до Франција, стратегијата за Западен Балкан, што неодамна ја презентираше претседателот Макрон, треба да им помогне на нашите институции да се подготват за претпристапните преговори, кога ќе дојде денот „Д„.
Дел од тие подготовки, според Тимоние, е и четвртата работилница што неделава ќе се организира во Секретаријатот за европски прашања, како и средбата со владини претставници идната недела во Париз. Нагласи дека е важно да се продолжи со регионалното помирување, но и да се продлабочат реформите во областа на владеењето на правото, каде треба да се работи многу.
Продеканот на Факултетот за безбедност смета дека е политички неодговорно да се лицитира со датумот за преговори, дали ќе биде во јуни, јули или октомври, затоа што тоа не зависи од нашата држава, туку од внатрешните сили во ЕУ. Предупреди и на опасностите од недобивањето на датум за преговори годинава.
Тој ја повика опозицијата да лобира во ЕУ, а особено во десните политички партии во Европскиот парламент, со оглед на доминацијата што тие ја имаат таму, како и во носењето на одлуките.
Далиборка Демјанска Цветановска