
Повеќе од 500 затвореници во Идризово ќе издржуваат казна во нови згради
Мирис на ново, свежо фарбано, нов мебел но и хигенски сретства. Теретана, берберница, брачни соби и соби за инвалиди. Првично може и да звучи добро но за оние кои не знаат дека сепак се работи за новите згради во затворот Идризово каде казна ќе издржуваат и најтешките криминалци. После неколку годишна изградба отвореното и полуотвореното одделение се готови како и административната зграда и спортските игралишта. први ќе се преселат затворениците кои се сместени во најруинираните ќелии.
631 новите објекти се обоени во црвено на оваа мапа. Се што е обоено со сино се наоѓа во стариот дел на затворот, посотечките згради ќе се рушат поради тоа што се стари и на нивно место ќе се градат новите. Планот е дека до 2019 ќе се изработи докумантацијата, до 2020 ќе почне изградбата но кога ќе заврши не се знае. Министерката за правда и директорот на управата за извршување на санкциите се надеваат дека и со ова ќе добијат попозитивни оценки од европа и хуманитарните организации.
Идризово е најголемиот затвор во земјава, но и еден од најстарите. Пренатрупаноста се растерети со амнестијата, но условите, корупцијата, слабата ресоцијализација, здравствената негрижа и високата смртност и понатаму се мета за критика. Во такви услови, тука – слободни се само птиците, голем дел од затворениците за похуман третман ќе чекаат уште време.
Билјана Николовска