
Повеќе од 500 лица деновиве завршиле во селските амбуланти во Општина Теарце, лекарите се сомневаат на неисправна вода за пиење
Деновивие амбулантите во Општина Теарце се полнат со пациенти. Се жалат на болки во стомакот, дијареа повраќање. Се работи за над 500 заразени од стомачен вирус од неколку села од оваа општина.
Од Амбулантата од Теарце претпоставуваат дека се работи за Рота Вурис, ако се земат во предвид симптомите на пациентите. Состојбата се стабилизира а засега никој не е болнички хоспитализирани. Вакви случаи имало и претходните години, но се со толку голем број заразени, вели Д-р Бетим Лимани.
Здравствените работници се сомневаат дека причина за стомачниот вурис е водата за пиење. Земени се пет мостри од селските водоводи. Анализите покажале дека водата е физичко – хемиски исправна, но микробиолошките резултати се очекуваат деновиве.
Билал Реџепи работи на техничко одржување на селскиот водовод во Пршовце. Тврди дека луѓето се заразаени од водата, затоа што ниту еден селски водовод од овој регион не е заштитен. Се зема вода директно од река Бистрица и од базенот во Теарце кој не е ограден и во него како и во реката има мртви диви животни, смет и слично.
Последниве неколку години податоците од Центарот за јавнот здравје Тетово, покажуваат дека над 50 % од селските водоводи се со неисправна вода за пиење.
Зоран Димовски