Повеќе од 400 илјади евра неповратни пари од Јапонија за јавни институции во Македонија

Пет јавни здравствени установи и четири општински основни училишта добија грантови за 2017 година со имплементација во 2018 година.

„Од 1996 година, благодарение на овие прекрасни партнери тука, имплементиравме 129 проекти. Оваа година имаме 9 проекти со преку 428 илјади евра, што е најголемата ГГП помош доделена во една година“, кажа Kеико Hанеда – Aмбасадорка на Jапонија во Mакедонија

Основните училишта „Браќа Миладиновци“ од Куманово, „Добре Јованоски“ од прилепската населба Тризла, „Свети Климент Охридски“ од Битола и „Исмаил Ќемали“ во Долнени -одобрените пари ќе ги искористат за реновирање и доградба на дотраените училишни згради.

Од јавните здравствени установи, грантови добија здравствениот дом „Гоце Делчев“ од Делчево, Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, Клиничката болница во Штип и Институтот за респираторни болести кај деца – Козле – пари кои ќе ги искористат за реновирање на просториите како и за набавка на нови апарати и болничка опрема.

Јапонија во програмата која ја спроведува во вид на мали грантови во Македонија повеќе од 20 години, има доделно вкупно околу шест милиони евра помош за државата.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ