Повеќе од 100 инциденти сторени од омраза

Повеќе од 100 инциденти сторени од омраза годинава , а скоро 65 проценти помеѓу млади луѓе. Статистиките на Хелсиншки комитет за човекови права велат дека од година на година се зголемуваат криминалите од омраза и малолетничката деликвенција.

Вчера на плочник во Аеродром се уште стоеа траги од крв , како потсетник на еден грозоморен настан во кој животот го загуби 17 годишник, а сторителот на кој  денеска му се изрече 30 дневена притвор е само една година постар од жртвата.

По овој настан , денеска се огласи и Хелсиншкиот комитет за човекови права , со апел надлежните институции сериозно да работат на превенцијата на делата од омраза.

„Делата од омраза не се случуваат во вакум, тие се насилна манифестација на предрасуди која понатаму продира во пошироката заедница. Поради тоа, неопходно е да се зајакнатпревентивните мерки, меѓу другото, со преземање чекори за едукација на јавноста за вредностите на културната разновидност и инклузија, со посебен фокус на децата и младите луѓе, велат од Хелсиншки комитет за човекови права

Невладините порачуваат дека институциите мораат со наголемо внимание да простапат на овој случај и да обезбедат докази за да видат дали и во овој случај се работи за криминал од омраза.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ