
Повардарска епархија ги повика верниците во црквите за Задушница
Повардарска епархија ги повика граѓаните, во петок на Духовден, наместо на гробишта, да дојдат во нивните храмови, да им дадат почит на починатите. Се повикуваат да дојдат во петок и во сабота од 8 до 14 часот, а со себе да понесат варена пченица, црвено вино и список со своите претходно починати блиски роднини и пријатели.
Во тој спомен на ден 06. 06. (Сабота) со почеток во 08 часот ќе биде отслужена и Заупокоена Литургија во сите храмови. Затоа Ве покануваме помасовно и достоинствено да им оддадеме чест и спомен на сите упокоени наши браќа и сестри, се вели во соопштението од повардарската епархија.