
Потрошувачката кошница и во декември потешка од платата
Потрошувачката кошница во декември достигна 32 475 денари .Тоа значи дека за една година таа станала потешка за 373 денари .Едно четиричлено семејство трошело повеќе за храна, за домување, хигиена и облека, за превоз троши исто речиси секој месец, а за здравјето 5 денари повеќе од декември 2016. Дека четиричлените семејства со еден до 2 вработени кое живее во 50 квадрати и нема автомобил, едвај го туркаат месецот покажува податокот дека просечната плата во ноемрви е 23. 196 денари или речиси 10. 000 помалку од потребите кои не подразбираат луксуз туку само достоинствен живот. Платата не е доволна, велат граѓаните, бидејќи ништо не им останува во паричникот откако ќе ги платат сметките и кредитите и ги купат основни прехрамбени производи.
„Ова е афрички животен стандард. Многу луѓе се без работа, младите се во странство, мојот единец е надвор, немам памет како да живеам“.
„Не се доволни, за нормално живеење треба повеќе, по мои проценки треба 40-45 000 денари“.
„Од многу работи се крати, мора за храна и сметки, за деца, а после ако има. Сите живееме на кредит и картички“.
Во последниве 7 години, месечните трошоци за покривање на основните животни потреби се зголемиле за 11,2 %.Со просечна плата од 23. 000 денари, синдикатите пресметале дека се задоволуваат само 70% од потребите на едно семејство, а со зголемената минимална плата едвај 37%.
„Едно семејство треба да има минимум двајца вработени со просечна плата за да си ги покрие сите потреби. Минималната плата и во септември покажува дека со зголемување од 12. 000 денари, зголемувањето е 6% или од 31 на 37% е покриеноста на кошницата со плата, смета Слободан Трендафилов од ССМ.
Анкетата за работната сила покажува дека до 12 000 денари земаат 30,3 % од вработените.Според Централната банка дури 60% земаат плата што е пониска од просечната а 16,2 % имаат плата еднаква или малку повисока од просечната.Бројките покажуваат дека ништо подобро не се живее ниту во земјите од регионот.Потрошувачката кошница во Хрватска е 938 евра а просечната плата е 800 евра. Во Србија кошничката тежи 517 евра а просечната заработувачка 367 евра
Виолета З Стојановска