
Потрошувачите најчесто измамени
Чоколадата на нашиот пазар наменета за деца е без млеко и какао и покрај декларацијата на производите.
Потрошувачите често се измамени со нечесни клаузули во договорите кои ги потпишуваат. Во пакувањата на голем дел од производите се наоѓа помала количина од производот од тоа што е прикажано на амбалажата.
Присутни се и софтверски грешки кај новите мобилни телефони како и технички проблеми кај други уреди, а на дигиталниот пазар може да се применат исти методи на функционирање како и кај конвенционалниот пазар поради големиот замав на онлајн пазарувањето, порачуваат од Организацијата на потрошувачи.
Организацијата на потрошувачите вели дека луѓето секојдневно наидуваат на ситуации во кои на различен начин им се загрозени правата. Во насока на заштита на нивните права, ќе се подготви закон кој ќе биде разбирлив за луѓето, а ќе бидат засилени и пазарните инспекции, велат од Организацијата, по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите.
Петар Догов