
Потребно е зголемување на бројот на дневни центри за згрижување на децата со нетипичен развој
Да се олесни секојдневието на децата со нетипичен развој и државата да помогне во нивна поголема социјализација и прифаќање во општеството.
Потребно е зголемување на бројот на дневни центри за згрижување на децата, каде дефектолози, логопеди и социјални работници ќе работат со нив.
Со вакви пораки се одбележа денешната забава посветена на децата со посебни потреби, во организација на платформата „Аутизам.Мк“ и Детскиот културен центар (ДКЦ).