Потребни се реформи на синдикатите во Македонија

Главни играчи во социјалниот дијалог, преговарачи за работничките права се Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачи покажа истражувањето на универзитетскиот професор, Андон Мајхошев. Токму заради тоа треба да се работи на законски измени со кои ќе се симне и цензусот за репрезентативноста на синдикатите, за да повеќе организации седнат на маса со работодавачите.

Граѓанската активистка Кристина Ампева која преку невладината „Гласен Текстилец“ гласно говори и укажува на кршењето на работничките права, смета дека се потребни  реформи во синдикатите во земјава. Смена во бирокатската структура и политиката да ја тргне раката од синдикатите, бидејќи вообичаено со промената на власта се менуваат и претседателите на синдиактите.

Според академската фела подобрувањето на работничките права треба да биде постојан процес, а не постојано да се кратат. Сметаат дека колективните договори и повисоките плати работниците, но и здравствените работници и наставниците не треба да ги добиваат само пред избори.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ