Потребна поголема промоција за македонските вина

Винскиот туризам може да биде придвижувач на економијата во целата земја, затоа што во државата има добри винарии коишто прозведуваат квалитетни вина, но потребна е поддршка за развој на другите компоненти што ги привлекуваат туристите: сместување, храна, дополнителни содржини.  Ова е ставот на винариите коис е знаимаваат со вински туризам, иако и самите почнале да се организираат и да се поддржуваат со останатите компании во регионот.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар вели дека државата треба да ги искористи добрите препораки кои веќе ги има за македонскиот туризам, како на пример тоа што е прогласена за една од  топ 10 дестинации кои што според Лонли планет треба да се посетат во 2020 година.

Европската делегација и  Светска банка  со 18 милиони евра ќе поддржат

10 дестинации и 50 проекти во земјата. Половина од средставта за предложените проекти треба да ги обезбедат самите инвеститори.

 

Сузана Мицева

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ