
Потпретседателката на собранието Фросина Ременски остана без пасош во продолжената истрага за „Рекет“
Дојде, одговараше на прашања кај судија на претходна постапка и си замина од судот без пасош. Судот го прифати барањето на јавното обвинитилство и освен патната исрпави реши да и забрани да го напушта Скопје, и еднаш неделно да се потпишува во судот.
Потпретседателката на собранието, висок функционер во владечката партија СДСМ и пратеник, Фросина Ременски не се чувствува виновна, ќе каже на заминување.
Од вчера обвинителство ја сомничи дека на Боки 13 со нејзиното присуство во „Меѓународниот сојуз“ оставила впечаток дека проектите за изградба на домови за возрасни лица кој тој ги нуди на бизнисмени за безмалку еден милион евра се поддржани од извршната власт.
Редот во судот Ременски го отстапи на таткото на Боки 13, Миле Јовановски кој пак исто тврди дека не е виновен за посочените малверзации во навладината на неговиот син, но и тој остана без пасош во судот како и асистенката на Боки 13 Кристина Карајованова.
Построга мерки од нив доби само заменичката на Боки во невладината „Меѓународен сојуз“ Јасна Мандиќ која нема да смее да го напушта домот иако обвинителството бараше и таа да биде сместена во истражниот затвор во Шутка.
Боки 13 сторил измама, и ги перел парите од ГП „Пелистер“ , 720 илјади евра кои стаселе на сметка на пензионерката Лилјана Тодорвска, додека 233 илајди евра од „Дрим Билдинг” Струга ги примила сега осомничената Јасна Мандиќ. Обвинителкaта во случајот Вилма Русковска, вели дека парите од бизнимсните се трошени , а дали ќе има и друго осомничени ќе покаже истрагата од новото продолжување.
Павле Беловски