
Потпорниот ѕид кај тетовско Бањиче – опасност за минувачите
Рекреативците кои одат кон месноста Бањиче една од најпосетуваните во тетовско секојдневно ги демне опасност.
Потпорните ѕидови поставени откако се прошири патот се навалени и опасни како за нив така и за возачите.
Од невладината организација Арт, неодамна поставија картонски фигури на луѓе, кои го задржуваат потпорниот ѕид да не падне.
Нивниот перформанс беше да се потенцира сериозноста на проблемот, и да се поттикне изнаоѓање побрзо решение. Но фигурите тука беа неколку дена, утрово тие картонски кутии ги забележавме фрлени во речното корито.
Пред неколку месеци, градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи, вети дека проблемот брзо ќе биде саниран.
Но во меѓувреме, минувачите се секојдневно изложени на опасност, веројатноста потпорниот ѕид да се урне е голема.
Зоран Димовски