
Потпишан указот за законот за ратификација на членството во НАТО
Указот потпишан мазно. Во присуство на студенти по политички науки, претседателот Пендаровски го парафираше указот со кој законот за ратификација на северно-атлантскиот договор стапи во сила. Во Република Северна Македонија. Откако го покажа указот пред снимателите, Пендаровски им го подари пенкалото кое го употреби на студентите.
Дома е завршено се. Но сега се чека Мадрид. Шпанците се последните 29-та земја членка на Алијансата која треба да го потврди нашето членство во НАТО.
Дури по шпанското „да“, вчерашната одлука на Собранието ќе отпатува и ќе се депонира во Вашингтон по што Република Северна Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.
Уште не се знае судбината на законот за одбрана, дали поради НАТО-членството ќе биде изгласан до распуштање на парламентот како што бара власта или опозиционерите нема да се согласат да гласаат затоа што бараат името на армијата-АРМ да остане со веќе сменетото уставно име на државата.
Миомир Серафиновиќ