Потпишан регионалниот договор за намалување на цените во роаминг

Министрите задолжени за дигитализација од земјите од Западен Балкан го потпишаа  регионалниот Договор за намалување на цените во роаминг, кој  на сила треба да стапи најдоцна до средината 2021та година, а две години претходно ќе има преоден режим.

Потписниците на Договорот се согласни дека е неопходно дополнително да се намалат цените за роаминг услугите за целосно покривање на сите крајни корисници во регионот.

Тоа значи дека цената на роаминг услугата ќе биде иста со онаа која потрошувачите ја плаќаат во својата земја. Овој метод таканаречен „роаминг како дома“, веќе се применува во Европската унија.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ