
Постигнат договор со Алијанса за Албанците за уставни измени
Прифатени се дел од амандманите на Алијансата за Албанците и БЕСА кои беа услов за подршка на уставните измени. Промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и се набројувауваат сите заедници.
Лидерот на Алијансата Зијадин Села е задоволен од договореното но не одговара конкретно дали ќе гласаат за уставните измени. Тоа ќе се знае на чинот на гласање.
За Владата прифатлив е амандманот кој се однесува на дијаспората и во него покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници. Прифатливо е и Косово да биде наведено како петта држава со кога граничиме. Формално правно во овој момент не може да се разговара албанскиот јазик да биде официјален јазик на целата територија а во однос на државјанството се уште темата е отворена.
Деновиве ќе се одржат и неколку средби на работни групи на Владата и претставници на БЕСА на Касами. Нивните барања се совпаѓаат со оние на Алијансата.
Третата финална фаза од уставните измени започнува утре. ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата. Очекувањата се дека ќе се обезбеди двотретинско мнозинство и целиот процес ќе заврши до крајот на неделава.
Јулијана Пешевска