
Последното обраќање на Иванов полно обвинувања и негодувања
Во своето последно обраќање Иванов ги повика пратениците да го отфрлат договорот од Преспа и да не ги подржат уставните измени. Цената на решавање на спорот со Грција е правно и историско поништување на македонскиот народ, рече Иванов. Се осврна и на Договорот со Бугарија за кој тврди дека се деконструира нашата историја, додека со тиранската платформа се прави обид за демонтирање на државата.
Амнестијата не била донесена заради помирување туку за озаконување на уцените со кои се создава хаос и се руши правната држава. Иванов изнесе и наводи за закани кон него и неговото семејство, а обвини дека бил следен од УБК.
Иванов сe спротивставува на спроведувањето попис без изразување на етничката припадност. Тврди дека со ваков попис ќе се обезвредни Охридскиот рамковен договор. Неговиот говор беше на неколку наврати прекинуван од владејачкото мнозинство кое реагираше од собрансиките клупи.
Обраќањето го следеа највисокиот државен и политички врв, дипломатскиот кор, како и и претставници на верските заедници.
Јулијана Пешевска