
Последните измерени концентрации на опасните честички во воздухот, на нозе ги кренаа и битолчани
Битолчани деновиве се гушат од загден воздух. И часовните и просечните дневни концентарции на ПМ 10 суспендираните честичките се неколкукратно поголеми од дозволените гранични вредности, а синоќа мерната станица во индустрискиот дел на градот досдигна рекордни за оваа зима 527 мг на метар кубен.
Од почетокот на годинат до денес, мерната станица во индустрискиот дел на Битола, регистрирала 76 загадени денови, а мерната станца во центарот на градот 74, наспроти дозволените 35 во текот на целата година.
Граѓаните се жалат дека со години ваквата состојба не е променета и негативно се одразува врз нивното здравје, осебно на здравјето на децата, кај кои се поголем е бројот на респираторни заболувања.
Го чувствувам во дишењето, јас сум болен, чувствувам се. Има гушење, а малку се презема, требало одамно да се презем нешто, вели битолчанец.
Лекот е навечер кога е најмногу загедено да се седи дома, да не се излегува, ништо не се презема за згадувањето, рече граѓанка.
Покрај загадувањето од индустријата, како најголеми загадувачи во текот на зимата се идентификувани домаќинствата во Битола кои се затоплуваат на огревно дрво. Истражувањата на географското друштво Геосфера покажуваат дека се користи огревно дрво со висок процент на влажност, што е причина за енормното загадување, велат екологоистите, поради што предлагаат законски измени во оваа сфера.
Ова може да се реши со промена на законодавството, формирање на еколошка група од сите паралментарни групи во Собранието кои што ќе работата на тоа, а доколку се промени законодавството во смисла складирае и дистрибуција на суво дрво до домаќинсвата, ние сметаме дека ќе имаме големо намалувањ на аерозагаденост, вели Мите Ристов, од НВО „Геосфера’- Битола.
Од најголемиот загадувач меѓу индустриските капацитети, РЕК Битола, уверуваат дека интензивно работата на еколошки проекти. Намелени се површините на непокриена пепел за десет пати, се инсталира нов систем за водено отпепелување, се пошумува околинатат, а следната година е планирана реконструкција на филтрите. Исто така, велат откочена е постапката за добивање а еколошка дозвола.
Успеавме со зголемен ангажман на вработените во РЕК –Битола, во делот на екологијата, да ги собереме комплентните документи, истите се доставени до Министерствот и овој месец ќе ги започенеме преговори. Се надеваме дека во текот на наредната година ќе ја добиеме инегрираната дозвола и е знаеме како во кој правец треба да се движи РЕК Битола во делот на екологијата, вели генералниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски.
Локаланата власт, решавањето на проблемот со аерозагадувањето долгорочно го гледа, во гасификацијата на градот, за што велат се подготвува документацијата за овој проект. Од краткорочните мерки, го наведуваат субвенционирањето на набавка на печки на пелети и велосипеди, а исто така, од буџетот одвоени се сретства за нова сообраќјна студија, која треба да го промени режимот на сообраќај во Битола.
Емилија Мисилриевска