
Последниот ден МВР до ДИК да го достави избирачкиот список
Почнаа да течат роковите од изборнјиот календар откако претседателот на Собранието талат Џафери вчера ги распиша претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите.
А сите медиуми, пак, кои ќе одвојат простор за платено политичко рекламирање најдоцна до понеделник треба да се регистрираат во ДИК, во спротивно нема да можат да користат пари за платеното рекламирање, кое со измените на законот е на товар на државата. Денеска, пак е последниот ден МВР до ДИК да го достави избирачкиот список со последните промени во него, по што воо соодветни рокови че следува и јавниот увид.