После железничката станица Велес, забележан човечки труп

Во СВР Велес вчера во 06.45 часот  било пријавено дека машиновозачот во МЖ С.В.(50) додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп.

Од полициски службеници од СВР Велес бил извршен увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз.

Од МВР денеска информираат дека по наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ