
Поројска река се уште прави проблеми
Поројска река и ова лето се излеа уништи еден мост во селото и поплави поголема земјоделска површина. По вчерашните поројни дождови на Шара, нивото на реката се зголеми и со себе носеше земја и камења кои се спуштија над селото Порој.
Попладнево градежна механизација го расчистуваше коритото на реката, активности со кои според месната заедница нема да се реши проблемот, се додека не се изградат каскадни системи на реката во нејзиниот горен тек.
Од вчерашното излевање на Поројска река не се знае колкава е штетата на земјоделската површина, до нивите на мештаните се уште нема приод.
Претпоставуваа дека им е уништено голем дел од засаденото, Не се надеваат на помош, затоа што за ланската штета земјоделците добиле само 10 % од парите наменети за нивно обештетување.
Поројска река речиси секоја година се излева и поплавува земјоделска површина домовите и инфраструктура на селото.
Минатото лето градоначалниката на Тетово Теута Арифи заедно со премиерот Зоран Заев и владини преставници го посетија селото и ветија решавање на долгогошниот проблем со изградба на каскадни брани во горниот тек на реката. Рекоа дека градежните работи ќе започнат оваа година, но на терен засега нема никакви активности.
Мештаните како и вчера после секој дожд, и понатаму превентивно ќе мора да излегуваат од своите домови и да ја следат состојбата на реката, која досега властите не ја ставија под контрола.
Зоран Димовски