
Пораст од 11% на штедењето во денари
Граѓаните штедат со засилено темпо. Банките годинава бележат раст на штедењето од 11%. Вкупните заштеди се на ниво од 345 милијарди денари или 5,6 милијарди евра, од кои околу 4 милијарди евра се заштеди на граѓаните. Ваквиот тренд според банкарите и владата покажува силна доверба во банкарскиот сектор а најисплатлив за штедење и натаму е денарот.
Заклучно со септемрви повеќе кредити се пласирани и кај домаќинствата и кај фирмите, однсоно забележан е раст од 8,3 %. Тевдовски ги повика банките повеќе да ги поддржуваат проектите на компаниите, односно да пласираат што повеќе средства во стопанството затоа што тие се важни за економијата.
Иако банките бележат депозитен раст, Македонија спаѓа во групата на земји каде што штедењето во банка е на ниско ниво и далеку под европскиот просек. Грубите проценки покажуваат дека секој Македонец во банка чува по околу 2.000 евра, додека заштедите на жителите на земјите од ЕУ се до 10 пати поголеми.
За да се постигнат ваквите цели вели Бежовска банките треба да ја унапредат својата понуда на штедни производи, да бидат ценовно конкурентни и приспособени на обичниот штедач. Министерството за финансии пак најави законски измени за заштита на граѓаните од високи трошоци кои настануваат при земање кредити.
Виолета З. Стојановска
https://www.youtube.com/watch?v=VhzQC_trg7U