Поранешни министри – сега обвинети ги нема на прославата на денот на полицијата

Портокалов чад, по некоја експлозија и воден топ – со вакви реквизити полицајците од ЕБР покажуваа како треба да се справат со толпа. Показната вежба е дел од прославата на денот на полицијата 7-ми мај, која оваа година се одржува под мото МВР за граѓаните. Врвот на МВР, актуелниот, ги следеше вежбите на полицајците. Последните три министри ги немаше, Јанкуловска е обвинета во два случаи на СЈО, Чавков завчера беше пуштен од притвор, а немаше ни трага ни глас од еднодневниот министер Андонов. Поканите ги испраќа протоколот, објаснува Спасовски.

Со показна вежба се претстави К9, единицата за кучиња. Во тие редови има и лабрадор кој на полицајците им покажува каде има скриено кеш пари.

Кеш, како 13-та плата за 2017-та се уште не им е исплатена на полицајците кои лани имале повеќе од 150 часа прекувремена работа. Се прават пресметки кои полицајци треба да бидат исплатени, но проблемот е во нивниот број, смета министерот.

Централната прослава на денот на полицијата е во недела во Штип, во Охрид утре ќе слави езерската гранична полиција, а денешните вежби беа почеток на 4-дневното одбележување.

Миомир Серафиновиќ

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ