
Порака од конференцијата на Економист: ЕУ да донесе одлука за старт на преговорите со Македонија
Европската унија да соберат храброст и да донесат одлука за старт на пристапни преговори со Македонија и Албанија, а не да се прават политички калкулации и игри. Унијата да му даде на регинот мотив да продолжи со евроинтеграциите.
Ова е пораката која од Скопје беше испратена до европските лидери во пресрет на одлуката која тие треба да ја донесат за две недели за преговори со земјава. Директна порака за тоа беше испратена од поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас според кого ЕУ се уште не е подготвена за храбри чекори, но оти таа нема друга опција освен да испрати позитивен сигнал за регионот.
„ЕУ мора да прекине со својата национална интроверност, мора да продолжи да промовира мир и стабилност во нејзинотот соседство. Ако не може да промовира мир и стабилност во своето соседствто, како би можела тогаш да има клучна улога на меѓународно политичко ниво“, рече Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција.
Ципрас се осврна и на Договорот од Преспа кој го оцени како пресвртница не само за земјава и Грција, туку и за регионот и Европа покажувајќи дека се можни храбри чекори и затворање на големите прашања.
„Договорот веќе се применува. Се разбира има прашања кои се уште на чекање особено отстранувањето на грчките симболи и договорт околу менувањето на школските учебници. Меѓутоа очекуваме напредок и во мовој правец“,рече Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција.
Македонскиот премиер пак рече дека земјава е посветена на исполнување на Договорот кој сериозно ја подобрил билатералната соработка меѓу двете земји и оти Договорот е катализатор на позитивни. Оттаму тој и порача на ЕУ да го исполни ветеното.
„Разбираме дека неки држави се против проширувањето, но првата порака е дека не очекуваме веднаш да станеме членка, туку само да започнеме преговори, да добиеме шанса брзо да го трансформираме своето општество. Втората порака е, ако не одлучат позитивно тогаш ќе го казнат најдобриот пример во Европа“, порача Зоран Заев, премиер на РС Македонија.
Директна порака до европските лидери за давање датум за преговори, упати и поранешниот прв човек на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој рече дека во спротивно ЕУ ќе го загиби кредибилитетот.
„Наместо храбри чекори, во Брисел, а особено во Евроспкиот совет, не толку во Парламентот и не толку Комисијата, туку во Советот каде што имаме шефови на држави и влади, гледаме тактична неволност или повлекување кое не може да ги реши проблемите и не е она што ни треба, бидејќи на крајот ни требаат храбри чекори како на премиерите Заев и Ципрас“, рече Мартин Шулц, поранешен претседател на Европскиот парламент.
Според Шулц на Европа и е потребно проширување и интеграција и тој е уверен дека овој октомври нема да има одложување на таа одлука, но како што рече никој не може до последниот момент да го гарантира тоа.
Поранешниот американски помошник-државен секератар, пак се осврна за геополитичките позиција на Западниот Балкан и влијанието на Русија и Кина. Притоа тој рече дека САД никогаш не го загубила интересот на регионот и оти не само Америка туку и Западот треба да покаже дека прозападните и проевроспките примери треба да бидат наградени. Тој упати порака и до земјите од регионот.
„Балканските државите мора да сфатат дека ако го попречуваат патот на своите соседи, го попречуваат и својот пат“,рече, Вес Мичел, поранешен помошник-државен скертар на САД
Мичел предупреди дека доколку земјите од регионот не станат дел од ЕУ, нешто друго ќе ја пополни таа празнина, без оглед дали тоа ќе бидат Русија и Кина или нови етнички судири.
Тамара Грнчароска