Поради неисправност на водата затворено основното училиште Димитар Миладинов во општина Центар

Општина Центар ја информира јавноста дека од денес (6-ти ноември од 15.30 часот) до четврток (8-ми ноември) ќе биде затворено основното општинско училиште „Димитар Миладинов“. Училиштето ќе биде затворено поради дефект на водоводната мрежа и техничка неисправност на водата.

Воедно, ги информираат родителите и учениците дека нема да има дежурство за продолжен престој на учениците, а се одложуваат и другите активности што се реализираат во училиштето.

Од Водовод велат дека констатирано е дека водата има мирис и земени се примероци кои се дадени на анализа. Резултатите од анализата ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ