
Поради НАТО и ЕУ ќе се внимава на содржината на учебниците
Министерот за образование Арбр Адеми изјави дека за измена на најмногу 30 проценти од содржината на учебници ќе се гледа и актуелниот политички момент. Не треба да предизвикаме проблеми како министерство за образование во овој историски момент, објаснува Адеми.
Тој потврди дека комисиите за измени на учебниците се формирани и работат по пристигнати забелешки по јавниот повик. Имало малку забелешки од јавноста и од наставниците, рече Адеми на денешниот прес.
Адеми вели дека се треба да оди според закон и дека во тек се подготовки за нови законски решенија за основно и за средно образование како и подготовка на нови наставни програми.
За содржината на учебниците министерот Адеми вели дека во овој историски момент кога се одвиваат интеграциите во НАТО и ЕУ сите треба да бидат внимателни.