Поради епидемијата на морбили здравствените власти размислуваат за одлагање на „Мој термин“ на сите клиники

Здравствените власти размислуваат термините закажани преку „Мој термин“ да се одложат во сите болници, по примерот на детската клиника и клиниката за белодробни заболувања Козле, каде поради епидемијата на мали сипаници ќе се реализираат за еден месец.

Министерот Филипче засега е оптимист за обемот на имунизација и смета дека ќе се стигне до потребните 95% имунизирано население. Рече дека не смее да се дозволи во иднина децата да не одат во градинка заради заразни болести за кои постои вакцина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ