Поради дојава за бомба 130 луѓе евакуирани од белградскиот аеродром

Од авион на Луфтханза на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград утрово поради дојава дека е поставена бомба се евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот, објавија белградските медиуми.

Контрадиверзионата единица Министерството за внатрешни работи била испратена на аеродромот по дојавата. 

Авионот бил подготвуван за лет до Франкфурт.

„Сите надлежни служби, вклучувајќи ги аеродромските служби, реагираа веднаш, во согласност со процедурите за обезбедување највисоко ниво безбедност на патниците и авионот како главен приоритет“, велат на аеродромот.

Во авионот се наоѓала и младата женска кошаркарска репрезентација која требала да отпатува за Франкфурт.

Воздушниот сообраќај на аеродромот „Никола Тесла“ Белград цело време се одвива според предвидениот ред на летање.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ