
Поради дефект на водоводна цевка два дена е затворено Димитар Миладинов
Пукната водоводна цевка на два дена го затвори основното училиште Димитар Миладинов во општина Центар. Дефектот се случил во текот на вчерашниот ден на цевка која се наоѓа во дворот на училиштето. Утрово работниците кои работеа на отстранување на дефектот од приватната фирма која ја ангажирало училиштето ни кажаа дека се работи за главна цевка која носи вода во училиштето и дека најкасно до утре ќе биде отстранет дефектот.
Бидејки се работи за цевка која е во самото училиште нема проблеми во околните згради. Директорката на училиштето Маја Ангелова не сакаше да зборува пред нашата камера, се повика на соопштението кое е истакнато на влезните врати на училиштето. Од Водовод за Телма велат дека од примероците земени вчера водата е хемиски исправна.
Родителите кои утрово ги испраќаа своите деца на еднодневна настава во природа велат дека не се запознаени со случаи на здравствени проблеми кај децата предизвикани од загадена вода.
Основното училиште Димитар Миладинов нема да работи денеска и утре. Денеска учениците се на настава во природа, а утре училиштето го слави својот патронен празник.
Јордан Дуков