Попова Шапка и ова лето зјае празна

Попова Шапка и ова лето зјае празна. Наместо туристи на центарот се движат кучиња скитници и добиток, а на места поради нерегулираната канализациона мрежа, се шири неподнослива миризба. И лошата инфраструктура го одвраќа туристите да ја посетат Попова Шапка, велат хотелиерите.

Дел од невладините организации по повод Светскиот ден за заштита на животната средина, се сообраа на Попова Шапка. Упатија апел до надлежните што поскоро да го исчистат центарот од ѓубре, и да инвестираат во комуналната и инфраструктурната свера, со цел да се развие туризмот на овој предел кој има голем потенцијал.

Невладините во перидов што следи најавија масовни протести, доколку надлежните не започнат со итни активности за санирање на основната инфраструктура и чистење на центарот.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ