Поплавени неколку објекти во Неготино и Скопје

Поплавени се неколку објекти во Неготино и Скопје, како последица на невремето кое попладнево зафати делови од земјата, а на пожарникарите на помош им дојдоа и колегите од Кавадарци.

Оваа информација за МИА ја потврди Иле Илиев, командир на неготинската Територијална противпожарна  единица.

Со пумпи  црпевме вода од неколку објекти во градот. Дадовме се од себе за најдобро што можеме да се справиме со последиците од невремето и веќе сме при крај со сите објекти. Некои, поради местоположбата, редовно се на удар кога има поголеми количини вода, нагласи Илиев.

Во Скопје водата од поројниот дожд го раскопала асфалтот на улицата Тефериџ во населбата Кисела Вода и навлегла во неколку објекти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ