
Поништен стопираниот тендер
Нема да се набавуваат реагенси за сума од 35 милиони евра. Објавениот оглас за јавна набавка и избор на фирма снабдувач се поништува. Минситерствотовто за здравство денеска одлучи во целост да го поништи тендерот, а одлуката ќе биде соопштена и на едиснтвениот кандидат фармацевската компанија АББОТТ и фимрата подизведувач АХР ЛАБ на скопајенцот Александар Јовановски. Оваа одлука доаѓа само неколку часа откако на адреса на министерството пристигнаа и решенијата на државната комисија за жалби по јавни набавки која ги прифатила сите три жалби на Адриамед, АД Д-р. Пановски,Авицена комапнии кои пред повеќе од десет дена, напишале жалби до комисијата во кои навеле аргументи дека спецификациите за набавката на реагенси одат во корист на производите на фармацевската компанија АББОТТ единствениот апликант за тендерот во висина од 35 милиони евра.
Тендерот требал да биде поделен на неколку помали набавки, а не во еден пакет стоело во жалбите. Министерот за здравство Венко Филипче пред десет дена соопшти дека експресната евалуција на понудата на единствената компанија АББОТ открила недостатоци и тендерот е СТОПИРАН. Сега нема пречка за министерот Филипче да ја покаже неговата одлука за поништување на тенедерот и да ги соопшти наредните чекори на министерството со какви услови и по која цена во иднина ќе набавува биохемиски реагенси за испитување на крвта на граѓаните. На тендерот за централизирана набавка на биохемиски реагенси и апарати за анализа се пријави само Абботт од Германија, која е претставник на истоимената американска компанија. Како подизведувач на тендерот е наведена фирмата АХр Лаб, која е основана пред 4 месеци. Токму профилот на фирмата Ахр беше на удар на најголемите сомнежи за тендерот. Иако тендерот беше сотпиран откако одекна во јавноста, фирмата на урпавиелот Александар Јовановски до сега нема поендесно жалба, а тоа ќе може да го стори по денешната одлука за пониптување на тендерот. Доколку го добиеше тендерот за 35 милиони евра за три години фирмата на Јовановски требаше да купи лабораториска опрема и да ги транспортиа реагенсие и крвтта за биохемиски анализи на пациентите во државното здравство која според новите здравствени реформи ќе се одвива во 12 централизирани лаборатории.
Павле Беловски