
Помош за Албанија, испратени тимови за спасување и механизација
Сто илјади евра ќе даде македонската Влада како првична помош по земјотресот во Албанија. Одлуката е донесена на денешата владина седница, а во Албанија веќе се испратени тимови за спасување со 30 стручњаци кои ќе учествуваат во акциите за спасување и прва помош за граѓаните во настраданите подрачја. Во оваа првична помош е вклучен и посебен тим со механизација.