Поместен огласот за избор на членови на ДИК

Подносителот на предлогот Антонијо Милошоски реагираше на поместувањето на точката од дневен ред на Собранието за објавување на јавен оглас за избор на претседател, потпретседател и шест членови на ДИК од втора на 18.

Со ова се докажа дека собраниското мнозинство работи по наредба на извршната власт, рокот за избор на ова тело е одамна истечен. Очигледно е дека некому му одговара ваквата состојба, ДИК да остане неекипирана, изјави Милошоски.

Милошоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Тој го чекаше моментот да отпочне расправата за овој предлог за да влезе во собраниската сала. Од пратеничката група на СДСМ велат дека се неосновани тврдењата на Милошоски затоа што неговиот предлог не е тргнат од дневниот ред туку е само поместен.

Го упатија за сите дилеми да се обрати и консултира со матичната партија која учествува во работните групи и во кои се дискутира за реформските закони. Со условите во одлуката за избор на нови членови на ДИК се бара партиските предлози да не бидат членови на партиски органи, а независните експерти да не се членови на партија и јавно да не ги подржуваат политиките ниту на власта ниту на опозицијата, како и да имаат искуство во областа на изборните процеси.

ДИК остана без 8-те членови откако поднесоа оставки поради обвинувањата дека по завршувањето на изборниот процес си доделиле дополнителни парични надоместоци.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ