Помалите партии на Албанците за се отворени листи

Помалите парламентарни  партии на Албанците подржуваат отворени листи. БЕСА и Алијансата за Албанците  ќе предложат да се намали и бројот на изборни   единици од шест на три. Ова било побарано и на средбите на работните групи за измени на Изборниот законик. Со тоа ќе се зголеми легитимитетот и тежината на избраните пратеници и  тие повеќе нема да зависат од никого  и да влегуваат во коалиции со поголемите партии.

Алтернатива на Гаши смета дека отворените листи одат во корист на малите партии..

  • Во неколку наврати сме изјавиле дека подржуваме отворени листи бидејќи го подобруваат квалитетот на понудата пред граѓаните и овозможуваат значително подобро застапување во законодавниот дом, велат од Алтернатива.

Познавачите на состојбите сметаат дека прекројувањето на територијалните граници може да им предизвика проблеми на партиите.Секоја од нив ќе сака изборната едница да биде направена според распоредот на населението заради добивање повеќе мандати.

Пропорционалниот изборен модел со отворени листи е препорака од ЕУ и ОБСЕ/ОДХР. Подршката на претседателот Пендаровски за иницијативата на помалите партии доби позитивно светло и од владејачките партии СДСМ и ДУИ, додека ВМРО ДПМНЕ се уште нема изградено став.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ