Полски болници за лекување на заболените од Ковид 19 на местото на медицинар

Од Криволак воените полски болници по 8 години во Скопје. Досега се користеа само за тактички вежби на армиските сили.  За два дена ќе добијат нова намена сместени на местото на стариот, сега веќе срушен студентски  дом Медицинар .

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за Телма вели дека во следните 10 дена се очекува да бидат поставени дополнителни контејнери со тушеви , тоалети и кревети и со тоа дополнително да се зголемуваат капацитетите на инфективната клиника.

Од јавното претпријатије „Улици и патишта „ Скопје велат дека во акцијата  која започна доцна попладнето во четвртокот на терен се работело со зголемен капацитет на механизација од вообичаено. Деноноќно околу 20 камиони, 10 машини и 50 луѓе го рушеле Медицинар , се расчистувал шутот и се подготвувал теренот за да може да се поставаат полските болници. За сега нема информации дали по овој пример и на други места во Македонија ќе се стават вакви привремени медицински објекти.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ