
Полска и Словачка го ратификуваа Протоколот за членство на земјава во НАТО
Полска и Словачка денеска го ратификуваа Протоколот за пристапување на земјава во НАТО и со тоа бројот на земји кои го одбрија влезот на Северна Македонија во Алијансата се искачи на 11.
„Денеска двете најубавите честитки ги добивме од Полска и од Словачка. Полскиот Сеин денеска го изгласа протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. И словачкиот парламент со огромно мнозинство исто така даде поддршка“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана.
Неколку часа претходно од другата срана на океанот, од Вашингтон каде се одржува министерски состаноки на НАТО, беа испратени неколку пораки за членството на Северна Македонија во Алијансата. Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, го поздрави скорото проширување на Алијансата со 30-тата земја-членка.
„За среќа нашата сила е во бројноста, НАТО порасна и сега вклучува 29 нации. Годинава се подготвуваме да ја примиме 30-та, Северна Македонија, и со задоволство сакам да кажам дека минатата недела официјално ги испративме на ратификација документите до Сенатот за пристапот на Северна Македонија“, рече Мајк Помпео, државен секретар на САД.
Генералниот секретар на НАТО пак имаше обраќање на Заедничкиот состанок на американскиот Конгрес, со што стана прв лидер на меѓународна органзиација кој се обратил до Конгресот.
Неговата порака до конгресмените и сенаторите дека со нивна помош Северна Македонија ќе стане 30 земја-членка, беше поздравено со аплауз.
„Вратите на НАТО ќе останат отворени. Оваа година, Република Северна Македонија го потпиша Пристапниот протокол. И со ваша помош, Северна Македонија наскоро ќе стане 30-та члнека на Алијансата“, рече Јенс Столтенберг, Генерален секретар на НАТО.
На министерксиот состанок на НАТО во Вашингтон учествува и македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров, кој порача дека земјава никогаш членството нема да го земе здраво за готово.
„Поминавме 18 МEP циклуси како земја во подготовки и мислам дека добивањето на членството нема да го земеме здраво за готово. А вистинската цел не е да станеме членка, вистинската цел е да станеме земја што е силна, има функционални демократски институции, која е сигурен, предвидлив партнер, за Атина, Вашингтон, Берлин, да можат да се обратат кон нас и да кажат „Потребни сте ни овде, таму, во регионот, надвор од регионот“, рече Никола Димитров, министер за надворешни работи.
Во рамки на состанокот тој разговарал со Помпео, но и со колегите од Турција, Белгија, Исланд, Италија и Словенија, со фокус на ратификацијата на Протоколот за НАТО.
Тамара Грнчароска