Половина Скопје вчера остана без струја поради дефект – последици нема

Се доведоа ли животи во прашање со недостатокот на електрична енергија, се посомнева јавноста откако вчера половина Скопје беше во темнина. Дефектот на електричната мрежа од Водно до Илинденска зафати домаќинства, ресторани, но и Клиничкиот центар, а конкретно од Клиниката за гинекологија целосно ги отфрлија шпекулациите кои се појавија дека загрозени биле животите на бебињата во инкубатори. Струја снема, а таму имале проблеми и со агрегатот.

Освен вчерашниот голем дефект кој го затемни Скопје, струја снема и денес. Тоа траеше петнаесетина минути. Доволно, за да им направи проблем на трговците коишто пак немаат ниту агрегат на работните места.

Денешниот проблем со електроснабдувањето е заради преоптоварување на мрежата од страна на корисниците, од ЕВН велат за Телма.

Синоќешниот дефект на трафостаницата Козле настана околу 18 часот, а преоптовареност на мрежата се случува затоа што корисниците накратко се префрлени на други напојни точки поради дефектот.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ