Половина милион граѓани живеат во сиромаштија

Близу пола милион луѓе во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата. Надлежните од друга страна велат дека е рано да се коментира владините мерки и дали пакетот на закони за социјална реформа, кој беше донесен во мај годинава има ефект врз намалувањето на сиромаштијата.

За резултати, треба да се почека до наредната година.

Првиот човек на Филозофскиот факултет , Ратко Дуев нагласува дека за проблеми кои се важни за цело општество, сите засегнати страни мораат заедно да работат.

Сигнали дека државата има уште работа за да се искорени високата стапка на сиромаштија стасаа и од директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели

 “По кризата од пред десетина години е намалена сиромаштијата во земјите од Западен Балкан , Македонија води на ова поле, но во разговорите со луѓето добив поинаков впечаток, па треба уште многу да се направи – изјави директорот на светската ванка за Македонија, Марко Мантованели.

По повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштија, денес и утре се одржува регионална конференција за „Ефективни политики за излез од сиромаштија“

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ