
Талир 2: По овластувањето на обвинителката сега и одбраната бара нови овластувања
Трансферот на предметите од специјалното во републичкото обвинителство не го спречи одлагањето на предметот Талир 2. Напротив тоа беше една од причините поради која одбраната бараше да не се одржи денешното рочиште. Одбраната која во минатото ја спореше и можноста на СЈО да подигне обвинение за Талир два по рокот од 18 месци, денеска го спореше и овластувањето на Јовески и тврдеше дека СЈО е се уште надлежно бидејки Законот за СЈО се уште е на сила.
Но главната причина поради која се одложи рочиштештето се овластувањата на адвокатите. Груевски од Будимпешта ќе треба да му даде ново полномошно на својот адвокат кој денеска побара од судиите да му дадат време да се консултира со клинетот дали да продолжи да го застапува бидејки досегашното полномошно било за предмет на сјо со друг број а сега Талир е во рацете на скопското обвинителство .
Обвнителката Ленче Ристоска одговори дека полномошното што го има адвокатот важи до правосилност на постапката
“Бидејки се работи за истиот предмет, со валидно полномошно без разлика што има друг тужител, нема процесни пречки за продолжување на постапка. А во врска со тоа дека Скопското обвинителство не е надлежно во конкретниот случај, одбраната занемарува дека законот за СЈО дава можност републичкиот обвинител да ги преземе предметите” – изјави Ристовска.
“На неправо не можеш да се спротиставиш со право.Политиката и правната гимнастика доведе до тоа правото да може да се добие само надвор од државата” – оцени адвокатот Дончо Наков.
На денешното рочиште за Талир 2 за изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ присутен беше обвинетиот Кирил Божиновски.
Обвинителката побара на следното рочиште на 15 октомври да биде повикан и претставник на партијата чиј имот е замрзнат.
По трансферот, Ристоска за прв пат дојде во суд како обвинител на скопското обвинителство, иако физички се уште оди на работа во објектот на Рузвелтова.
За разлика од порано кога доаѓаше со стручни соработници и службено возило од СЈО денеска пристигна сама
Денеска овластување од Јовески за предмет на СЈО е обвинителот Стевчо Донев за случајот Триста кој и до сега беше во негови раце.
Елена Ивановска Мукоска