
Полициските контроли ги дисциплинираа битолчани
Ако до неодамна ретко кој носеше заштитна опрема низ улиците во Битола, сега полициските акции очигледно ја менуваат сликата. Речиси и да нема битолчанец кој не носи маска, иако Битола за разлика од соседен Прилеп, нема голем број на заразени. Од полицијата велат дека за нешто повеќе од месец, издадени се над 1200 казнени налози во општините што се во надлежност на СВР Битола. Контролите се интензивираат во последните неколку дена, а битолчани апелираат полициските акции да продолжат со уште поголем интензитет.
-Уште построги треба д абидат. Да ги казнува сите што не носат. Јас имам 80 година, кога можам јас да носам, можат и младите, вели битолчанец
-Треба да има контроли постојано, а не како досега. Ние луѓе како луѓе, таков ни е менталитетот, многумина не носат маски, рече друг битолчанец
Најинтензивни се контролите на зелените пазри, фреквентните улици, Широк Сокак и угостителските објекти. Полицијата заедно со државниот пазарен инспекторат направиле над 500 контроли и утврдиле неправиности кај 11 угостителски објекти.
-Не се плашиме од инспекциите, затоа што подобро е да ни укажат за грешките отколку да не казнуваат. Гостите воглавно се придржуваат на протоколите, но и ние ги потсетуваме како да се однесуваат, вели угостител Во Битола од почетокот на кризата до денес регистрирани се вкупно 30 позитивни на КОВИД-19. Во моментот болеста е во тек кај тројца битолчани. Наспроти малкуте заболени во Битола, во Прилеп, вкупно се регистриани над 200 позитивни на вирусот.
Емилија Мисирлиевски