Полицискиот синдикат незадоволен од одлуката на Влада, бараат исплата на бонусот од 15 илјади денари

Владата не ги почитува полициските служебници и не го цени нивниот труд како и секојдневната изложеност на опасности и ризици при патролирањето, контролите и обезбедувањето на лицата кои се во карантин сметаат од Синдикатот на Полицијата.

Полицајците како и задрваствените работници се најекспонирани при справувањето со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот и затоа најмалку што може Владата е да го  прифати барањето на министерот Чулев и да одобри бонус од 15 илјади денари за вработените во МВР.

Според синдикатот тоа е минимална награда и признание на трудот а вкупната сума не надминува 2,5 милиони евра буџетски пари.

Дејан Саздов, генерален секретар на Синдикатот на Полиција во Македонија

Од синдикатот директно му се обратија на техничкиот премиер Оливер Спасовски, кој како доскорешен прв човек на министерството знае кои и какви се ризиците, да го одобри бонусот.

Дејан Саздов, генерален секретар на Синдикатот на Полиција во Македонија

Претставниците на сидникатот сметаат дека бројката на полицајци кои се заболени се должи на ризиците на кои се изложени и дека не станува збор за невнимание, но дополнија дека има сектори каде што недостасува заштитна опрема и најавија дека овој проблем ќе го дискутираат со министерот Наќе Чулев со кого ќе имаат средба идната недела.

Во моментов  14 полициски службеници се носители на вирусот а 103 припадници на министерството се во самоизолација. Седуммина се од единцата ЕБР кои обезбедувале објект во Охрид каде се сместени повратници од Ломбардија а се заразени од нивен колега кој бил аспимтоматичен.

Поради овој кластер во самоизолација се уште 21 припадник на полицијата, како и за 14 професионални војници на АРМ кои биле во истото полициско одмаралиште.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ