Полицискиот час за постарите лица „школски“ пример за дискриминација?!

„Школски“ пример за дискриминација. Вака професорката Мирјана Најчевска го оценува досегашното ограничување на движењето на постарите лица само на два часа дневно, како и најавата дека е можно тоа да се продолжи до крајот на годината. Спорно за неа е и тоа што, вистинската бенефиција од ваквиот тип на ограничување не е видлива, нема аргументирано образложение за мерката, а при донесувањето не учествувале тие на кои таа се однесува.

Образложението дека, тоа е пред се за нивно добро, за Најчевска е бесмислено, затоа што старите луѓе се воопшто поизложени и на вируси и на други заболувања. Тоа, вели, би имало логика, кога тие би биле поголеми преносители или би можеле да заразат поголема група на луѓе, што сега не е случај со оваа категорија на луѓе. Смета дека, постарите лица имаат основа оваа мерка  да ја оспорат пред судовите.

Од друга страна, пак, според професорката, нема основа за оспорување пред Европскиот суд за човекови права на ограничувањето на правото на практикување на верските обреди за празниците. Притоа, се повикува на Европската конвенција за човекови права, каде стои дека, правата кои се поврзани со практикувањето на верата, а не самата вера, можат да бидат ограничени кога е тоа со цел заштита на јавниот интерес, односно здравјето на луѓето.

Далиборка Демјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ