
Полициски службеник пукал од службениот пиштол во прилепската полициска станица
Полициски службеник пукал од службениот пиштол во просториите на прилепската полициска станица.
Настанот се случил попладнево околу 15 часот, но нема жртви нуту повредени, а предизвикана е незначителна материјална штета.
Вработениот во МВР, З.М. од службениот пиштол испукал еден куршум во подот од канцелариjата која ја користи Агенцијата за национална безбедност во Полициската станица во Прилеп, официјално потврдуваат од Министерството за внатрешни работи.
За случајот е известен јавен обвинител а извршени е и увид на лице место.
Од МВР информираат дека Одделот за внатрешна контрола и канцеларијата за криминалистички работи од Прилеп преземаат мерки за расчистување на настанот.
Неофицијално има две верзии за овој случај. Според едната, полицискиот службеник испукал куршум од службениот пиштол, незадоволен затоа што не бил распределен на одредено работно место. Според другата неофицијална верзија, полицискиот службеник се раздолжувал од досегашната должност, при што ненамерно пукнал од службеното оружје.
Емилија Мисирлиевски