
Телма дознава: Комисијата предлага воведување полициски час од 21 до 6 часот наутро
Комисијата предложила сет мерки за спречување на ширењерото на корона коронавирусот
- Да се забрани движење на населението во временски период од 21:30 до 06:00 часот, а со цел спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19 и заштита на населението;
- Од оваа забрана се исклучуваат лицата кои имаат потреба од итна медицинска помош/животно загрозувачка состојба/лица на дијализа, исклучуво во придружба на најмногу две лица. Доколку поради итноста на здравствената состоба возилото биде запрено од полицикса контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршувањето на медицинскиот преглед.
- Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерството за внатрешни работи или друго Министерство/установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации за лицата кои ќе можат да се движан вон рестриктивните часови. Со тоа Министерството за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.
- Да се ограничи бројот на дежурни аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување, одреден број на аптеки кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции.
- Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:30 до 06:00 часот.