Полициски час до 23-ти мај?

Актуелниот полициски час останува до крајот на неделата, дознава Телма. Од понеделник ќе почне етапно олабавување на мерките.

Комисијата за заразни болести на Владата и` препорачала органичувањето на движењето  да продолжи да важи до 23ти мај, но од понеделник  граѓаните најверојатно ќе добијат два часа повеќе за завршување на дневните обвски. Полицискиот час ќе остане, но ќе почнува од 21 часот.

Се` поизвесно е дека идниот понеделник ќе отворат кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време.

Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат растојание од 1,5 до 2 метри. Дозволено ќе биде по еден купувач на 15 метри квадратни,  но пробувањето облека , е забрането.

Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време.

Кафеаните и рестораните пак, на почетокот, отворени за гости ќе бидат до 18 часот, но храна ќе се служи само на терасите.

Редар пред угостителските објекти ќе го контролира влезот на гостите, а кафанските маси од периодот претходоно, ќе се разликуваат по тоа што на секоја, задолжително ќе стои и  средство  за дезинфекција на раце.

За една маса и четири столици ќе мора да се обезбеди простор од најмалку 9,6 квадрати метри, ќе бидат засилени санитарно хигиенските мерки, а строго забранети свадби, крштевки и родендени.

Олабавувањето на мерките ќе се одвива во три фази. Во третата целосно ќе се укине полицискиот час, но рестрикциите во начинот на функционирање на граѓаните и институциите, остануваат.

Весна Јовановска Дојчиновска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ