
Полициска акција во Грчец и Арачиново
Полициска акција во Грчец и Арачиново со запленет кокаин. Неофицијално според полициски извори уапсени се неколку лица за неколку кривични дела .
Според жителите на овие две скопски села полицијата влегла со десетици полициски возила со специјални единици. Деновиве четири лица заработија кривичпни пријави заради пукањето што минатата недела се случи во хотелот Александар Палас . Тогаш маскирани лица пукаа кон петмина кои седеле во хотелот . Пукањето го спречил полицаец кој не бил на должност а кој пукал кон напаѓачите кои избегале. МВР подоцна приведе дел од лицата кои седеле во хотелот под образложение дека му се заканувале на заменикот командир на Алфите.