
Полицијата започна со истрагата за литијата во Струга, засега без кривични пријави
Неколкумина стружани кои учествуваа во минатонеделниот верски обред во центарот на градот се повикани на разговор во полицијата, но засега кривични пријави не се поднесени. Заменик министерот, Славјанка Петровска потврди дека истрагата е почната и дека таа е во две насоки, едната околу организаторите и непостапувањето на полицијата.
Петровска најави дека ќе се разговара со организаторите на литијата но и со лица кои се идентификувани дека учествувале во неа а внатрешната контрола ќе го истражува непостапувањето на локалната полиција.
Литијата беше причина за нов судир на релација Спасовски – Чулев. Премиерот побара одговорност од првиот човек на полицијата а тој пак прстот го впери во Бирото за јавна безбедност.
По одржувањето на литијата заседаваше и ИВЗ која донесе одлука од утре да ги отвори џамиите за верниците.